Во германскиот град Зинциг е во тек голема полициска операција поради заложничката криза што настана утрово околу 9 часот во филијала на Фолксбанк. На терен има силни полициски сили, вклучувајќи и специјалци, а хеликоптери летаат над поширокото подрачје, пишува Билд.
Драмата почнала кога оклопно комбе за транспорт на пари застанало пред банката. Во моментот кога еден од вработените во компанијата за обезбедување излегол од возилото со намера да влезе во банката, бил пресретнат со непознат маж кој му се заканил. Киднаперот и вработениот наводно сега се во трезорот на банката.
Портпаролот на полицијата потврди дека има тековна заложничка криза.
– Според моменталните информации, веруваме дека во банката има повеќе криминалци и заложници. Еден од заложниците е возачот на возилото за транспорт на пари – рече тој.
Полицијата, исто така, соопшти дека ситуацијата на терен во моментов е стабилна.
– Во моментов нема опасност за граѓаните надвор од обезбедената зона – порача германската полиција.
Голем број полицајци се пред филијалата на Фолксбанк, а целиот центар на градот е ограден. Оклопното комбе сè уште е паркирано пред влезот на банката.
Жителите преку социјалните мрежи се повикани да го избегнуваат центарот на градот. Полицијата апелираше до граѓаните да не шират лажни или непроверени информации.
Во моментов нема официјални информации за тоа колку точно луѓе се држат како заложници во банката, ниту дали киднаперите се вооружени.
Во меѓувреме, на социјалните медиуми се појавија гласини дека некои од сторителите веќе се во бегство, но полицијата сè уште не ги коментирала овие тврдења.
Зинциг се наоѓа во долната долина Ар во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, на околу 10 километри од границата со Северна Рајна-Вестфалија. Најблиските поголеми градови се Бон, на околу 20 километри оддалеченост и Кобленц, на околу 30 километри оддалеченост.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
