Background

Американското Министерство за правда истражува серија сомнително темпирани трансакции на пазарот на нафта што се случиле непосредно пред важните најави на претседателот Доналд Трамп и високите ирански функционери за војната во Иран

Американското Министерство за правда истражува серија сомнително темпирани трансакции на пазарот на нафта што се случиле непосредно пред важните најави на претседателот Доналд Трамп и високите ирански функционери за војната во Иран, објавија синоќа американските медиуми.

Истрагата се однесува на најмалку четири случаи во кои трговците оствариле вкупен профит од повеќе од 2,6 милијарди долари обложувајќи се на пад на цените на нафтата пред тој всушност да се случи, објавија американските Еј-Би-Си Њуз и Ен-Би-Би Њуз, повикувајќи се на извори запознаени со темата.

Облозите наводно биле поставени непосредно пред најавите на Трамп или иранските владини претставници.

- Advertisement -
Ad image

Комисијата за тргување со фјучерси на стоки (CFTC), федералната агенција одговорна за тргување со стоки, е исто така вклучена во истрагата.

Според Еј-Би-Си Њуз, трговците се обложиле на повеќе од 500 милиони долари во март во пад на цените на нафтата непосредно пред американскиот претседател да објави одложување на заканите за напад врз електричната мрежа на Иран.

Во април следеле уште три такви трансакции, кои сега се под истрага.

На 7 април, трговците наводно се обложиле на 960 милиони долари на пад на цените на нафтата кратко пред Трамп да го објави привремениот прекин на огнот.

На 17 април, шпекулантите се обложиле на 760 милиони долари на пад на цените на нафтата, 20 минути пред шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, да го објави повторното отворање на Ормуската Теснина.

Конечно, на 21 април, неидентификувани инвеститори инвестирале 430 милиони долари на пад на цените на нафтата, 15 минути пред Трамп да го објави продолжувањето на прекинот на огнот.

Извор за Ен-Би-Си Њуз изјави дека истрагата е сè уште во рана фаза и дека нема докази за кривично дело.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation