Background

ПРОБЛЕМИТЕ ВО КОНТРОЛАТА НА ЛЕТАЊЕТО ВО САД ПРОДОЛЖУВААТ

Нарушувањата во системот за контрола на летање во САД продолжуваат да предизвикуваат проблеми во воздушниот сообраќај. Во петокот и саботата биле откажани повеќе од 15.600 летови, а во саботата навечер биле регистрирани и 910 откажувања за денеска, недела, според податоците на сервисот „ФлајтАвер“.

Проблемите започнаа во петокот, 13 ноември, кога американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) нареди привремено запирање на полетувањата на сите аеродроми во земјата. Мерката траеше повеќе од четири часа, откако беа регистрирани сериозни проблеми во комуникациската мрежа на центрите за контрола на летање.

Администраторот на ФАА Брајан Бедфорд, изјави дека досега не се пронајдени докази за злонамерно дејствување или поврзаност на дефектот со вештачка интелигенција.

- Advertisement -
Ad image

– Не гледаме никакви докази за нешто злонамерно, ниту каква било поврзаност со вештачката интелигенција. Сакаме да биде јасно дека станува збор за проблем со опремата – изјави Бедфорд на прес-конференција во саботата.

Американскиот министер за транспорт Шон Дафи објасни дека проблемот настанал за време на редовно одржување на телекомуникациската мрежа, при замена на старите бакарни линии со оптички кабли. Работата ја изведувала компанијата „Л3 Харис“, која е надворешен изведувач на ФАА.

Според Дафи, еден од новоинсталираните рутери почнал да испраќа повеќе од 1.000 барања за поврзување на секои четири до пет секунди, што предизвикало преоптоварување на мрежата. Проблемот влијаел врз 17 од 22 регионални центри за контрола на воздушниот сообраќај, нарушувајќи ја комуникацијата со авионите и пристапот до радарските податоци.

Сè уште не е утврдено дали причината е неисправна опрема или грешка при инсталирањето. „Л3 Харис“ соопшти дека соработува со ФАА во истрагата и дека досега завршила повеќе од 70 отсто од планираната замена на старите телекомуникациски линии.

Инфраструктурата на американскиот систем за контрола на летање користи опремата која е стара околу 25 години, а ФАА троши приближно една милијарда долари годишно за одржување на постојната телекомуникациска мрежа.

Дафи предупреди дека вакви нарушувања може повторно да се случуваат доколку системот не се модернизира. Администрацијата бара од Конгресот дополнителни 50 милијарди долари за обновување на системот за контрола на летање и аеродромската инфраструктура.

Бедфорд изјави дека, според информациите што ги добиле од авиокомпаниите, се очекува редовниот распоред на летови да биде целосно воспоставен до недела навечер. Тој им се извини на патниците поради нарушувањата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖