Во Албанија во јули инфлацијата достигна ниво од 3,4 отсто, што е второ последователно зголемување и е над целта од проектираните 3 отсто на Централна банка на Албанија.
Според државниот завод за статистика, инфлацијата била 3,2% во јуни, додека во јули минатата година 2,5 отсто. На месечно ниво до крајот на јули цените се зголемиле за 0,2%.
Храната продолжува да го носи главниот товар во зголемувањето на цените, заедно со транспортот, кој забележа силен раст, како и горивата. Цените на транспортот се зголемија за 8% во споредба со јули минатата година.
По транспортот, најголемо годишно зголемување забележа групата „Забава, спорт и култура“, со 6%, додека осигурувањето и финансиските услуги поскапеле за 4,5%.
Трошоците поврзани со домувањето, како што се кирија, вода, електрична енергија, гас и други горива, исто така се зголемиле за 4,1% на годишна основа.
На годишно ниво, храната е за 3,5% поскапа отколку пред една година.
Од друга страна, само две категории забележаа годишен пад на цените. Облеката и обувките поевтиниле за 1,8%, додека цените на информациските и комуникациските производи и услуги се намалиле за 0,9%.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
