Иран одлучи да ја промени својата политика од дефанзивна во „целосно офанзивна“ поради застојот во напорите за постигнување траен крај на војната со САД, изјави денеска за Ројтерс висок ирански функционер.
Напредокот кон мировните преговори и продолжувањето на сообраќајот на танкери за нафта низ стратешкиот Ормуски теснец е целосно заглавен, без индикации дека завојуваните страни се приближуваат кон крајот на конфликтот што го започнаа САД и Израел на 28 февруари.
– Иранските субјекти мора да бидат подготвени за ескалација на тензиите во Ормускиот Теснец и поширокиот регион, бидејќи Иран ќе биде подготвен да донесе одлуки и да преземе строги мерки – рече ирански функционер.
Тој додаде дека Техеран ќе започне „навремен и прецизен“ воен удар за да ја пробие поморската блокада на САД доколку дипломатијата не успее.
Денеска е денот до кој Иран и САД требаше да постигнат конечен договор според меморандумот за разбирање постигнат во јуни, со цел да се стави крај на војната.
Меморандумот, потпишан на 17 јуни, предвидуваше рок од 60 дена, со можност за продолжување по меѓусебна согласност, во кој Вашингтон и Техеран требаше да постигнат договор што ќе опфаќа пошироки прашања, како што е иднината на нуклеарната програма на Иран.
Меморандумот прогласи моментален и траен прекин на воените операции на сите фронтови, но договорот наскоро почна да се распаѓа поради спорот околу контролата врз Ормускиот Теснец.
Техеран тврдеше дека петтата точка од меморандумот му дава право да управува со водниот пат, додека Вашингтон го отфрли таквото толкување. Непријателствата продолжија откако Техеран почна да отвора оган врз бродови за кои тврдеше дека се обидуваат да поминат низ теснецот преку неовластен пат.
– Во краткиот период од неколку недели што го постави Иран, САД мора да ги спроведат сите одредби од договорот. Ова е предуслов за продолжување на преговорите со САД – изјави ирански функционер за Ројтерс.
Тој додаде дека медијаторите ќе го пренесат рокот до Вашингтон и до земјите во регионот.
И Иран и САД ја засилија својата воинствена реторика во изминатата недела. Во говорот на предизборниот митинг во петокот, Трамп ги предупреди Американците да се подготват за продолжување на високите цени на горивата како резултат на војната.
Порано денеска Трамп објави на својата социјална мрежа Трут соушл дека „првата и секогаш најважна цел е Иран на никаков начин, во никаков облик, да не може да има нуклеарно оружје“.
Tagged as:
Техеран најави „навремен и прецизен удар“ врз американската блокада на Ормус
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
