Background

Владата продолжува со конкретни активности за справување со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар

Владата продолжува со конкретни активности за справување со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Велес, соопшти дека Владата денеска ќе испорача дополнителни 60.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар.

Мицкоски нагласи дека водоснабдувањето е во надлежност на локалната самоуправа, но дека Владата не дозволила граѓаните да останат без поддршка и активно се вклучила во надминување на кризата.

Според премиерот, од денеска локалното јавно претпријатие треба да започне со процесот на прочистување на водоводниот систем, со цел во првата фаза водата повторно да може да се користи за технички потреби и за одржување на личната хигиена, а потоа и целосно да се нормализира состојбата.

- Advertisement -
Ad image

Мицкоски истакна дека институциите ќе продолжат внимателно да ја следат ситуацијата и ќе преземаат мерки сè додека кризата не биде целосно надмината.

Осврнувајќи се на одговорноста за настанатата состојба, премиерот порача дека морална одговорност треба да понесат сите, од прв до последен, во локалната власт во Гостивар.

– За кривичната одговорност ќе одлучува Обвинителството, тоа е работа на надлежните институции – истакна Мицкоски.

Со испораката на нови количини вода и со активностите за прочистување на водоводниот систем, Владата продолжува со мерките за обезбедување помош за граѓаните и за што побрзо нормализирање на состојбата во Гостивар.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation