Владата на Албанија вчера го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Северна Македонија.
„Според одлуката, договорот има за цел создавање заеднички гранични премини меѓу двете земји и развивање координирани процедури за гранична контрола, со цел олеснување на движењето на патници и стоки, како и зајакнување на прекуграничната соработка“, објави Албанската телеграфска агенција (АТА).
Македонската влада пред три дена објави дека го изгласала пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Албанија, со што се заокружува процесот на воспоставување на системот со трите соседни земји кои не се дел од Шенген, имајќи предвид дека веќе функционира со Србија и со Косово.
Воведувањето на системот „One Stop Shop“ најпрво ќе започне на граничниот премин „Ќафасан“, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини со Албанија. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи.
Заменик министерот за внатрешни работи, проф. д-р Астрит Исени, вчера оствари работна посета на Граничниот премин Ќафасан, каде што одржа состанок со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, градоначалникот на Поградец, Илир Џаколи, градоначалничката на Корча, Флоринда Зегуљај, како и со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Запад и раководството на Граничниот премин Ќафасан.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
