Background

Високата плима, во комбинација со силни бранови, уништи дел од пристаниште во северна Калифорнија, САД

Високата плима, во комбинација со силни бранови, уништи дел од пристаниште во северна Калифорнија, САД. Надлежните служби предупредија на опасност да бидат поплавени уште куќи долж брегот.

На видеоснимка се гледа како огромен бран урива дел од пристаништето во градот Пасифика и го носи во океанот. Надлежните служби уште во текот на летото го затворија пристаништето долго 350 метри, откако на конструкцијата беа откриени пукнатини.

 

- Advertisement -
Ad image

Куќите покрај брегот во овој град, јужно од Сан Франциско, беа поплавени оваа седмица кога тоа подрачје го погодија исклучително високи плими, највисоки оваа година.

Северно од Сан Франциско, властите на округот Марин вчера издадоа предупредување за можна евакуација на жителите на куќите покрај брегот во местото Стинсон Бич, наведувајќи дека силните бранови, кои се очекуваат во текот на попладнето, би можеле да нанесат вода и отпад на патиштата и во куќите. Предупредувањето беше укинато подоцна во текот на денот.

Исто така, беше издадено предупредување за исклучително високи бранови во областа на Заливот Сан Франциско. Во оваа област се поплавени куќи и улици во крајбрежните градови на округот Марин – Мил Вели, Ларкспур, Саусалито и Корте Мадера.

Екстремно високите плими, односно највисоките плими во текот на годината, се јавуваат кога гравитациското дејство на Месечината и Сонцето ќе се порамни и ќе доведе до пораст на нивото на водата. Нивните ефекти оваа година се дополнително засилени од актуелниот феномен супер Ел Нињо, кој го загреа Тихиот Океан и доведе до зголемување на волуменот на морската вода.

Фото: Илустрација

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖