Background

ВИСОКА ОЦЕНКА ЗА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА НА НАРОДНА БАНКА

Монетарната политика на Народната банка е оценета како целосно усогласена со препораките од европските институции, што претставува највисока оценка во делот на економските политики. Ова беше посочено во рамките на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите регионални партнери од Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина, којшто се одржа во Брисел.

На дијалогот, информира Народна банкаа, учествуваше вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски кој нагласи дека ваквите оценки ја потврдуваат соодветната поставеност на монетарната политика насочена кон одржување на ценовната и стабилноста на девизниот курс во услови на зголемена глобална неизвесност.

– И покрај неизвесното и променливо надворешно окружување, домашната економија останува релативно отпорна. Народната банка води претпазлива монетарна политика, фокусирана на натамошно намалување на инфлацијата и стабилизирање на инфлациските очекувања, при истовремено одржување стабилен девизен курс -рече Величковски.

- Advertisement -
Ad image

Тој посочи дека монетарната политика има клучна улога во справувањето со инфлациските притисоци, особено во услови на продолжени глобални шокови на страната на понудата, при што Народната банка внимателно ги следи сите движења и е подготвена да реагира соодветно за зачувување на стабилноста.

 Во обраќањето беше нагласено дека девизните резерви се одржуваат на соодветно ниво, согласно меѓународните стандарди, што обезбедува силна заштита од потенцијални надворешни шокови. Воедно, банкарскиот систем останува стабилен, ликвиден и добро капитализиран, со дополнително зајакнати макропрудентни мерки поради засилената кредитна активност.

 Величковски се осврна и на новата оперативна рамка на монетарната политика воведена во декември 2025 година, којашто има за цел да го подобри преносот на сигналите од основната каматна стапка и да ја зголеми ефикасноста на монетарната политика.

Во контекст на европската интеграција, беше истакнато дека приклучувањето кон СЕПА претставува значаен чекор за финансиската интеграција и усогласувањето со европските стандарди, при што Народната банка продолжува со активностите за унапредување на платежната инфраструктура преку спроведување на регионалниот проект за инстант плаќања заснован врз клонот на ТИПС.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation