Возач од Македонија настрада во тешка сообраќајна несреќа што се случи во вторникот околу пладне на автопатот Брегана-Загреб. Камионот што тој го управувал ја пробил заштитната ограда, удрил во далновод и се запалил, потврди Полициската управа Брод-Посавина.
Несреќата се случила во близина на Среданци во правец на Брегана, а полицијата добила пријава за пожар во возило во кое имало едно лице.
Според неофицијални информации што ги пренесуваат локални портали, возачот бил заробен во возилото и не успеал да излезе, по што починал. Според хрватските медиуми, станува збор за македонски државјанин.
На местото на несреќата биле испратени сите служби за итни случаи, вклучувајќи ги и пожарникарите, кои имале тешкотии да стигнат до местото на несреќата поради настанатиот сообраќаен метеж.
„Фејсбук“ страницата „Пожарникари – 193“ објави видео од нивното возење по автопатот, на кое се гледа дека другите возачи не создале коридор за итни случаи.
Хрватската полиција допрва треба да ги утврди причините и околностите поради кои дошло до несреќата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
