Хајди Клум беше една од највпечатливите појави на годинашното издание на Мет Гала 2026, појавувајќи се во впечатлив стајлинг инспириран од скулптура и класична уметност, на црвениот тепих во Метрополитен Музејот на уметноста.
Германско-американската супермоделка целосно ја прифати темата „Costume Art“, исто така наречена и „Fashion is Art“, пристигнувајќи во креација што ја претвори во „жива статуа“. Изгледот е дело на Мајк Марино, кој ги обликувал материјалите латекс и спандекс така за да создаваат илузија на извајан мермер.
Креацијата веднаш предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а многумина потсетија дека Хајди Клум со години оди до крај кога станува збор за костими и трансформации.
Самата Клум откри дека изгледот е инспириран од различни уметнички правци и дела, меѓу кои и скулптурата „The Veiled Vestal“ на Raffaelle Monti, позната по неверојатниот ефект на вел извајан во камен.
– Ја сакам модата, ја сакам уметноста, а најмногу го сакам моментот кога тие две се судираат – напиша таа.
За креацијата додаде дека ткаенината е трансформирана во скулптура, со прецизност што ја доловува мирнотијата и деликатноста на мермерот, додека целиот дизајн „ја брише границата меѓу модата и уметноста“.
– Секој детал е намерен – ова не е само облека, туку уметност во движење – порача Клум.
Годинешната Met Gala, традиционално одржана првиот понеделник во мај во New York City, ја слави врската меѓу модата, телото и уметноста, охрабрувајќи ги гостите да ја третираат модата како жива форма на изразување.
Tagged as:
Германската манекенка се преобрази себеси во жива мермерна статуа
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
