Background

Висока делегација на УНЕСКО во посета на Охрид

Во Охрид денеска се одржа работна средба со постојаните делегати – амбасадори и претставници при УНЕСКО од државите-членки на Комитетот за светско наследство, во рамки на нивната тридневна посета на Македонија. Посетата претставува возвратна активност по неодамнешната средба во Париз, Франција, со што се потврдува континуираната соработка со УНЕСКО.

Високата делегација ја сочинуваа постојаните претставници од Бангладеш, Либан, Кенија, Полска, Турција, Перу и Монголија.

На средбата, покрај градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков,  присуствуваа заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Зоран Љутков, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, градоначалникот на Струга, Менди Ќура, градоначалникот на Дебрца, Златко Силјаноски, пратеници, владини претставници и функционери.

- Advertisement -
Ad image

Во фокусот на разговорите беа активностите што институциите ги преземаат за заштита, зачувување и одржливо управување со Охридскиот Регион како светско природно и културно наследство на УНЕСКО. Беше нагласена важноста од континуирана соработка меѓу локалната и централната власт, надлежните институции, УНЕСКО и Република Албанија, со цел доследна имплементација на препораките и долгорочна заштита на исклучителната универзална вредност на регионот.

Градоначалникот на Охрид информираше за тековните проекти и активности на општината насочени кон зачувување на статусот на регионот, нагласувајќи ја посветеноста кон спроведување на УНЕСКО препораките и одржливо управување со наследството. Тој истакна дека заштитата на Охридскиот Регион претставува заедничка одговорност и стратешки приоритет од национално и меѓународно значење.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation