Background

Главната економистка на Народната банка, Крстевска: При брз развој и дигитализација на финансиските услуги, потребата за финансиски знаења забрзано расте

„При мерење на финансиската писменост се оценува способноста за ефикасно управување со личните финансии, коешто, меѓу другото, подразбира знаење и способност за планирање на буџетот, рационално трошење, како и разбирање на основните финансиски концепти за штедење и инвестирање средства“Ова го истакна главната економистка на Народната банка Анета Крстевска во интервју за „Слободен печат“, при што нагласи дека финансиската писменост во земјава постепено се подобрува, но поради брзиот развој на дигиталните финансиски услуги, потребно е постојано надградување на знаењата.

 Крстевска посочи дека Народната банка презема активности за подобрување на финансиската писменост на населението од сите возрасни групи, со посебен акцент на младите кои се во фаза на образование. Општо земено, младите покажуваат поголем интерес за дигиталните финансиски услуги и се посклони кон вклучување во современите дигитални текови. „Следствено, во современи услови, кога има широк пристап до информации преку интернет, треба да се посвети должно внимание на соодветното едуцирање на младите и на нивното правилно насочување во доменот на користењето на финансиските услуги“, истакна главната економистка.

 Осврнувајќи се на заштитата на потрошувачите, таа нагласи дека Народната банка, покрај регулаторните активности, обезбедува и практични алатки за споредба на кредитите, депозитите, како и на надоместоците за платежни услуги, а со новата регулатива дополнително се зајакнува транспарентноста на банките.

- Advertisement -
Ad image

 Во интервјуто беше нагласено дека финансиската едукација треба да добие соодветно место во формалниот образовен систем, со задолжителен системски опфат на младите. „Со ваквиот чекор ќе се оформат идни генерации кои ќе знаат да управуваат со своите финансии, да избегнуваат прекумерно задолжување, да се заштитат од финансиските ризици и да носат одржливи финансиски одлуки. За ова е потребен заеднички напор и на финансиските регулатори, и на образовните институции“, истакна главната економистка Крстевска.

Целото интервју е достапно на следнава врска: https://www.slobodenpecat.mk/intervju-vo-uchilishte-treba-da-ima-poseben-predmet-za-finansiska-edukacija-rizicite-se-golemi-veli-aneta-krstevska-glavna-ekonomistka-vo-narodnata-banka/  

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation