Викторија Бекам сподели серија фотографии од семејниот одмор во Италија, со порака дека највредни се моментите поминати со луѓето што ги сакаме. Таа и нејзиниот сопруг Дејвид се обидуваат да покажат дека, и покрај семејните проблеми со својот најстар син Бруклин, продолжуваат да создаваат убави спомени со своите најблиски.
Посебно значење за нив има токму Портофино. Дејвид и Викторија се вратија на местото каде што пред 29 години, во 1997 година, го поминале својот прв таен одмор како пар, во време кога јавноста сè уште не знаела дека се во врска. Дејвид на социјалните мрежи сподели емотивна порака: Пред 29 години дојдовме во Портофино, во овој хотел, пред некој да знае дека се забавуваме, а еве нè повторно.
За Викторија, тој период останал еден од најромантичните спомени од почетокот на нивната врска. Таа претходно зборувала за патувањето во 1997 година како за момент кога првпат можеле вистински да бидат заедно далеку од љубопитните погледи.
– Портофино во 1997 година беше многу, многу романтично патување. Се сеќавам колку бев возбудена што првпат бев таму со Дејвид – раскажала таа.
Денес, речиси три децении подоцна, приказната изгледа сосема поинаку. Двојката пристигна со дел од семејството и ужива во италијанското крајбрежје, а семејството поминуваше време во ресторани, на прошетки и на луксузната јахта. Со нив беа ќерката Харпер и синот Круз, а подоцна им се придружи и Ромео со девојката Ким Тарнбул.
Во една од објавите Викторија особено ја истакна важноста на заедничките моменти. Нејзините фотографии и пораки доаѓаат во период кога семејството е под дополнително внимание поради раздорите со Бруклин и неговата сопруга Никола Пелц. Бруклин во јануари јавно кажа дека не сака помирување со семејството и побара неговите родители да контактираат со него само преку адвокати. Тој ги обвини дека се мешале во неговиот брак, што дополнително ја продлабочи семејната драма.
И додека семејниот конфликт продолжува да се провлекува низ медиумите, Викторија и Дејвид со своето враќање во Портофино потсетуваат на сосема друга приказна – на времето кога нивната љубов штотуку започнувала и кога таму ги создавале првите заеднички спомени далеку од јавноста.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
