Македонскиот олимписки комитет (MOK) денеска во просториите на СРЦ „Јане Сандански“ ја претстави делегацијата која ќе ја претставува Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026.
За подготовките, очекувањата и амбициите пред настапите говореа дел од спортистите, како и претседателот на МОК, Даниел Димевски.
– Одиме максимално подготвени. МОК даде максимална логистичка поддршка. Тоа значи патувањето, сместувањето, опремата и сето друго што се вика логистика. Ангажиравме и психолог, како и максимално професионална рекуперација. На опремата со нашите национални бои е и логото кое ги содржи нашето знаме, МКД кратенката по што многу лесно ќе бидеме препознаени. МОК се потруди да се доближи и до најмладите со промотивна кампања. Сакам да испромовирам уште еден нов момент, а тоа е нашата Македонска олимписка дијаспора. Ова тело ќе земе активно учество во градење мост до сите наши иселеници коишто ја чувствуваат Македонија како своја татковина и нивните деца. Очекувам нашите спортисти да се претстават во најдобро светло – рече Димевски.
Од името на спортистите за добиените услови и опрема од страна на МОК се заблагодари одбојкарката Емилија Поп Јордановска.
Наш најголем фаворит за медал е Дејан Георгиевски, олимписки медалист од Токио.
– За мене ова се трети Медитерански игри. Имам освоено сребро и бронза, сега одиме на злато. Очекувам сите наши спортисти да дадат максимум и да се вратиме со што повеќе медали – рече Георгиевски.
Македонската делегација во Таранто, Италија ќе бори 130 члена од кои 88 спортисти кои ќе се натпреваруваат во 19 од вкупно 33 спортови. Ова е најброен македонски состав досега на Медитерански игри.
Досега македонските спортисти имаат освоено 14 медали на Медитеранските игри.
Tagged as:
88 СПОРТИСТИ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВААТ МАКЕДОНИЈА НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
