Драматични сцени од Кина го преплавија интернетот. Силни ветрови ги соборуваат пешаците, студентите едвај успеваат да направат неколку чекори, а наставниците формираат жив ѕид за да ги заштитат децата.
Снимките од Урумчи покажуваат колку силни биле налетите. Студенти се обидуваат да се движат, но ветерот ги турка наназад, а некои од нив завршуваат на земја. Пешаците се држат за столбови и огради за да не ја изгубат рамнотежата.
Една од највпечатливите снимки прикажува наставници кои ги опкружуваат учениците и формираат човечки штит за да ги заштитат од налетите на ветерот. Според кинеските медиуми, станувало збор за деца од прво и второ одделение кои го напуштале училиштето. Наставниците ги придружувале до нивните родители, а целата акција траела околу 20 минути.
Покрај драматичните снимки, големо внимание привлече и предупредувањето за луѓето со телесна тежина под 50 килограми.
Пораката стана вирална поради опасноста од силните воздушни налети, кои можат да ја нарушат рамнотежата дури и на возрасен човек. Кај полесните лица ризикот да бидат соборени од ветерот е уште поголем.
Иако предупредувањето се споделува како порака за претпазливост, нема потврда дека кинеските власти сега вовеле официјална забрана за излегување од дома за граѓаните под 50 килограми.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
