МВР потврди дека лицето е пријавено за измама од 600.000 денари на штета на охридски бизнисмен, а семејства на болни од рак тврдат дека плаќале по 3.200 евра за наводна кубанска вакцина. Српскиот претставник на кубанскиот институт вели дека никогаш не соработувал со осомничениот.
Велешанецот Миланчо Арсоски -Секретар на Мобилност Македонија, осомничен за продажба и аплицирање на наводни кубански вакцини кај болни од рак, е пријавен и за измама на сопственик на фирма од Охрид. Тоа го потврдија од МВР. Според информациите на редакцијата, оштетениот е сопственик на Авто камп Љубаништа.
Според соопштението на МВР, на 20 март 2023 година лицето А.М., со пречекорување на овластувањата, се стекнало со противправна имотна корист од 600.000 денари. Оштетениот бил доведен во заблуда дека може да аплицира за европски грант за проектот „Адреналински парк“. Му било кажано дека доделените пари ќе бидат префрлени на неговата фирма за изградба на парк во кампот во Охрид.
Што тврди оштетениот
Според наводите на оштетениот, кои редакцијата ги потврди од независен извор, Арсоски проектот го претставувал како европски, со знаци и содржина слични на европски, а пораката била претставена како да доаѓа од Мисијата на ЕУ во Северна Македонија. Тврди дека Миланчо Арсоски гарантирал лично за вистинитоста на проектот и со нотарска изјава, иако таков проект не постоел. Штетата се проценува на околу 18 милиони денари. Дополнително се тврди дека Арсоски користел угостителски услуги и сместување во кампот за него лично и за членови на Мобилност Македонија, кои не биле платени.
Во јавноста се споменува и дека слична постапка постои со друг правен субјект за изградба на спортски игралишта, за што Арсоски бил пријавен и со судска пресуда одземен е негов имот.
Состојба во постапката
Според изворот, Охридското обвинителство сè уште испитува дали станува збор за кривично дело. Обвинителството во Охрид две години не нашло елементи на дело и ја отфрлило пријавата, а виштото јавно обвинителството во Битола заземало спротивен став и ја прифатило. Обвинителството засега молчи и за случајот со проектот, и за вакцините, кој во Јавно обвинителство штити изманик од рангот на Миланчо Арсоски?
Арсоски продавал и аплицирал вакцини против Рак!
Семејства на болни од рак тврдат дека плаќале по 3.200 евра за вакцината. Ќерка на починат пациент вели дека бара правдата да се задоволи и виновниот да биде казнет. Измамените сомневаат дека всушност добивале физиолошки раствор, бидејќи никогаш не го виделе оригиналното пакување, а Миланчо Арсоски им го прикажувал само на екран. Бараат обвинителството да ја забрза истрагата.
Арсоски тврдел дека вакцината ја набавува од Србија, каде постојат овластени претставници. Српскиот претставник на кубанскиот институт што ја произведува терапијата го отфрла тоа. Вели дека никој нема право да ја продава без дозвола и дека никогаш не соработувал со велешанецот. Објаснува дека терапијата се дава на секои петнаесет дена, во пет турнуси, и може да чини околу седум илјади долари. Транспортот мора да е во ладен ланец, на два до осум степени. Во спротивно, предупредува, станува збор за измама и шверц што може да чини човечки животи.
Министерот за здравство повторно апелираше граѓаните да не подлегнуваат на вакви понуди и потврди дека во земјата постои црн пазар на лекови.
Невладината организација Мобилност Македонија
Осомничениот дејствувал преку невладина организација Мобилност Македонија чии членови се лица со телесен инвалидитет. Според јавно достапните податоци, лице со истото име е наведено како секретар на Мобилност Велес, дел од Националниот сојуз „Мобилност Македонија“. Тоа е податок од нивната веб-страница и не го потврдува идентитетот на осомничениот. Се поставува прашањето какви механизми за проверка постојат во здруженијата што работат во име на ранливи групи и со јавни и меѓународни средства.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
