Сузан Бојл, која во 2009 година преку ноќ стана светска сензација, повторно е во центарот на вниманието. Пејачката објави фотографии од Њујорк, каде што позираше насмеана пред „Емпајер стејт билдинг“, покажувајќи го својот поинаков изглед.
За прошетка низ градот облекла виолетова маица, хеланки и елек, а најголемо внимание привлече нејзината нова фризура – руса коса потстрижена во паж со шишки.
– Прекрасно е повторно да се биде во Америка! – напиша таа на Инстаграм, додавајќи дека ужива во разгледувањето на знаменитостите и средбите со обожавателите.
Бојл се прослави на аудицијата за британското шоу „Britain’s Got Talent“ во 2009 година. Тогаш имаше 47 години, а нејзиниот настап не навестуваше дека ќе следува еден од најпаметените моменти во историјата на шоуто. Но, кога ја запеа „I Dreamed a Dream“ од мјузиклот „Клетници“, ги воодушеви жирито и публиката, а снимката од настапот брзо стана интернет-феномен.
Иако го освои второто место, зад танцовата група „Диверсити“, нејзината кариера тргна во светски размери. Објави осум студиски албуми, настапуваше ширум светот и продаде милиони примероци од своите изданија. Пред славата живеела повлечено во родната Шкотска, а во еден период се откажала од настапите за да се грижи за болната мајка, која починала во 2007 година.
Последните години за пејачката донесоа и сериозни здравствени предизвици. Во април 2022 година доживеа мозочен удар, по кој имала тешкотии со говорот и пеењето. По напорниот период на закрепнување, во 2023 година се врати на сцената на „Britain’s Got Talent“ и повторно ја изведе песната што ѝ го промени животот.
Нејзината промена на изгледот привлече внимание уште во октомври 2025 година, кога се појави во гламурозно издание на доделувањето на наградите „Pride of Britain“. Во мај годинава повторно ги изненади следбениците со фотографии со нова фризура и помодерни модни комбинации, најавувајќи „нова ера“.
Бојл покажа дека не се откажала ниту од музиката. Во август настапи со шкотската група „Red Hot Chilli Pipers“ на фестивалот „Summer’s End Angus“, а нивниот следен заеднички настап е најавен за 30 јануари 2027 година во Единбург. На почетокот на октомври ја доби и наградата „Icon Award“ на „Scottish Music Awards 2026“, како признание за нејзиниот придонес во музиката.
Tagged as:
Сузан Бојл настапува и 17 години по настапот што го воодушеви светот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
