Background

Студентските денови биле најубави во животот на претседателката Сиљановска Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на новата генерација студенти ѝ посакаа успешна академска година, истакнувајќи дека универзитетот е место за учење, поставување прашања и истражување.

– Кога и да дојдам на овој простор чувствувам некоја чудна младешка енергија. Вие бевте и за мене останувате бунтовници со причина, а јас на пати се обидувам да ве имитирам, глумејќи политичарка, која сѐ уште има нешто бунтовно во себе и никогаш нема да го заборави најубавиот дел во животот – им рече денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на студентите.

– Сè уште верувам дека политиката може да се заузда со правото и дека на овој чуден свет му треба идеализам. Право, правда и етика – истакна Сиљановска-Давкова.

- Advertisement -
Ad image

Таа нагласи дека според неа најважното нешто за студентите е да вежбаат и да веруваат во силата на критичкиот ум.

– Имаме тешка обврска кон светите Кирил и Методиј, да го продолжиме тоа што тие го започнале, бидејќи сигурно знаете од досегашното образование дека учителите многу често биле и станувале светци. Можеби затоа и ние, иако сме една мала држава, можеме да се пофалиме со умови – рече претседателката и потсети дека пред неколку дена, највисокото признание – 8 Септември ѝ било доделено на светски познатата научничка Светлана Мојсов.

Таа нагласи дека развојот на вештачката интелигенција не треба да го потисне природниот ум.

– Да не дозволиме вештачката интелигенција да го наруши природниот ум, зашто за да користите вештачка интелигенција, мора да имате природна интелигенција – рече претседателката.

Сиљановска-Давкова ги повика студентите активно да ги бараат своите права и да се стремат кон промени, нагласувајќи дека УКИМ треба да биде предводник во промените.

– Овие млади луѓе избрале високо образование за да ги остварат своите амбиции и да се подготват за идните професионални и животни предизвици. Очекуваат да стекнат знаење и да научат вештини што ќе им овозможат успешно да се вклучат во светот на брзите технолошки, економски и општествени промени. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е вистинското место за учење, поставува прашања и истражување. Бидете љубопитни студенти и храбри во потрагата по нови знаења – порача Јаневска.

Таа нагласи дека високото образование е еден од најважните приоритети и оти Министерството работи на подобрување на условите за студирање, модернизација на студиските програми и поголема поддршка за науката и истражувањето.

– На ова плато се наоѓа најголемиот потенцијал што го има Македонија. Треба да сте свесни за тоа. Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери кои ќе ја градат иднината на оваа држава – истакна Јаневска.

Министерката информираше дека двата студентски дома во Скопје се темелно реконструирани, а наскоро ќе биде отворен и студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, по што ќе следува реконструкција и на другите домови во државата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖