Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ соопшти дека им е ставен во мирување работниот однос и одземен им е пристапот на двајцата вработени кои се сомничат за поправање податоци на студенти и земање мито.
На двајцата вработени веднаш целосно им се одземени сите системски и администраторски привилегии во електронскиот систем за студентски досиеја. Оваа мерка е на сила до целосно расветлување на случајот. Проверката е насочена кон ограничен број случаи поврзани со постапките за запишување на студенти. Ја уверуваме јавноста дека досиејата и евиденцијата на студентите надвор од овие случаи не се засегнати. Сите евентуално нелегитимно внесени податоци од страна на осомничените лица се предмет на истрагата и ќе бидат соодветно процесирани по завршувањето на истрагата од надлежните органи, соопшти Ректоратот.
Оттаму додаваат дека електронскиот систем на УГД поседува софистицирани дигитални механизми и записи кои ги забележуваат сите интервенции при што може да се лоцира евентуална индивидуална одговорност.
Универзитетот останува во целосна и отворена соработка со ОЈО и МВР до конечно расчистување на случајот и нема да дава коментари поврзани со постапката додека таа трае.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
