Најмалку шест лица загинаа, а 13 се повредени во силната експлозија што денеска ја потресе железарницата „Хабаш“ (HABAŞ), во турскиот град Измир. По експлозијата избувнал пожар, а спасувачките екипи сè уште трагаат по осум работници за кои се стравува дека останале заробени под урнатините.
Несреќата се случила околу 12 часот во фабриката во областа Алиага. По силната детонација избувнал пожар, поради што на местото биле испратени голем број противпожарни, медицински и спасувачки екипи.
Според информациите објавени од турските медиуми, првичните наоди на надлежните укажуваат дека експлозијата можеби настанала за време на истурање течен челик, откако се откачил тавански кран и паднал во електролачната печка.
Билансот на несреќата се менувал во текот на денот. Првично беше соопштено дека има тројца загинати и 14 повредени, но подоцна гувернерството на Измир информираше дека бројот на загинати се искачил на шест. Според последните извештаи, 13 лица се повредени, а осум работници сè уште се бараат под урнатините.
По несреќата е отворена истрага, а на случајот се ангажирани четворица обвинители. Спасувачките екипи продолжуваат со расчистување на урнатините и потрагата по исчезнатите работници.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
