Background

УЈП започна контрола на здружението „Охрид Трчат” по допрен глас на Охридскај

Според сознанијата до кои дојдовме, синоќа Управата за јавни приходи (УЈП) влегла со контрола во невладината организација „Охрид Трчат” во Охрид. Контролата е иницирана по допрен глас за кој порталот Охридскај претходно побара да реагираат УЈП и Финансиската полиција.
Од други извори дознаваме дека наскоро се очекува и контрола од страна на МВР на РСМ, поточно од одделот за економски криминал. Надлежните органи треба да утврдат каде завршиле милионските донации кои ги прибрала невладината организација „Охрид Трчат”.
Клучни прашања на кои се очекува да одговорат институциите:

Каде и како се потрошени значителните парични средства од наплатата на котизација на учесниците
Дали е воден благајнички извештај
Дали при наплатата на котизација во готово на учесниците им биле издавани фискални сметки
Дали со касов извештај приходите завршувале на банкарска сметка на здружението „Охрид Трчат”

Посебно внимание се посветува на можниот судир на интереси, со оглед на тоа што претседателот на невладината организација „Охрид Трчат” е вработен во ЈП Билјани Извори, од каде што здружението добива субвенции, што е спротивно на законот.
Дополнително се истражува улогата на прикриениот сопственик и оснивач на невладината „Охрид Трчат” кој од позиција на раководител на сектор за општествени дејности во Општина Охрид, под чија надлежност е и одделението за спорт, наводно доделувал проекти на своето здружение и преземал други сомнителни дејствија.
Се очекува институциите да излезат со целосен извештај за финансиското работење на здружението и да утврдат дали постојат законски неправилности во неговото работење.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation