Background

Царините ја зголемуваат економската несигурност

Европската комисија оцени дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување „реципрочни царини“ претставува чекор во погрешна насока.

„ЕУ останува посветена на отворен и предвидлив глобален трговски систем од кој корист имаат сите партнери. ЕУ ги има едни од најниските царини во светот и не гледа причини за зголемување на американски царини за нејзиниот извоз“, се наведува во реакцијата на ЕК на одлуката на Трамп.

Во реакцијата се повторува и претходно изнесениот став од претставници на ЕУ дека царините се даноци и дека со нивното воведување САД ги оданочуваат сопствените граѓани, ги зголемуваат трошоците за бизнисот, го задушуваат растот и ја поттикнуваат инфлацијата.

- Advertisement -
Ad image

„Царините ја зголемуваат економската несигурност и ја нарушуваат ефикасноста и интеграцијата на глобалните пазари“, се додава во соопштението.

Според ЕК, светската трговија доживеала раст во услови на предвидливи, транспарентни правила и ниски царини и во тој правец ЕУ со децении работеше со трговски партнери како САД за да ги намали царините и другите трговски бариери ширум светот, зајакнувајќи ја оваа отвореност преку обврзувачките одредби во трговскиот систем заснован на правила, обврски што сега ги поткопува Вашингтон.

Во реакцијата се потенцира дека ЕУ е една од најотворените економии во светот, при што над 70% од стоките се увозот со без царини, а просечната царинска стапка на Унијата е меѓу најниските на глобално ниво.

„Економската интеграција и отстранувањето на трговските бариери беа фундаментални за успехот на Европската Унија. Ние веруваме во трговски партнерства кои се заемно корисни и избалансирани, засновани на транспарентност и правичност“, се додава во соопштението.

Според Комисијата, токму поради овие причини ЕУ има најголема и најбрзо растечка мрежа на трговски договори во светот и има склучено над три пати повеќе трговски договори од САД.

„ЕУ ќе реагира цврсто и веднаш против неоправданите бариери за слободната и фер трговија, вклучително и кога царините се користат за оспорување на правните и недискриминаторните политики. ЕУ секогаш ќе ги штити европските бизниси, работници и потрошувачи од неоправдани тарифни мерки“, се потенцира во реакцијата на ЕК на американската најава за „реципрочни царини“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation