Три дена во Свети Николе не се пие водата од водоводот. Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, соопшти дека се пронајдени микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цистерни со вода за готвење и пиење.
„При редовни неделни контроли на две мерни места низ градската водоводна мрежа, и покрај утврденото присуство на резидуал хлор од 0,4 мг/л кој е главен индикатор за безбедна вода за пиење, се утврдени и микробиолошки отстапувања. Се работи за примерок земен од чешма која е на отворен простор во јавен објект, кој е непосредно до местото на дефектот, што во моментот се санира и уште еден примерок земен од внатрешна водоводна мрежа на комерцијален објект“, се наведува во соопштението од ЈКП Комуналец Свети Николе, кое го сподели градоначалникот Владев.
На 10.08.2026 година се земени контролни примероци за дополнителна анализа со ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес. ЈКП Комуналец Свети Николе е во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство(АХВ) за понатамошно постапување согласно резултатите од анализите и проценка на состојбата. За потребите на граѓаните била обезбедена вода за пиење од цистерна на 10 и на 11 август.
Претходно, ЈКП „Комуналец“ Свети Николе ги извести граѓаните дека на 11.08.2026 година, поради дефект на главната цевководна мрежа, ќе има прекин во водоснабдувањето од 07 часот наутро.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
