СО ПЕСНА, ДЕТСКИ НАСМЕВКИ И ГОРДОСТ ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ „ДЕБРЦА“!
Денешниот ден во нашето училиште беше исполнет со посебна енергија, детска креативност и неизмерна гордост. Учениците преку прекрасна уметничка програма ни покажаа како со срце се сака родната Дебрца и Македонија!
Чествувањето го започнавме со оддавање почит и положување свежо цвеќе пред споменикот во Сливово и пред спомен-бистата на Трајче Дојчиноски во Белчишта, по што во училишниот хол уживавме во изложбата на најдобрите ликовни и литературни творби.

Од училишните клупи во кои и самиот седев – до конкретни вложувања за идните генерации!
За мене како Градоначалник, овој празник буди посебни емоции бидејќи и самиот бев дел од ова училиште. Оваа установа низ децениите оформила извонредни луѓе и носители на важни процеси, па затоа почитта кон минатото мора да ја преточиме во поддршка за иднината.
“Децата во Дебрца заслужуваат најдобри услови да сонуваат големи соништа и да израснат во силни луѓе!”
Што реализиравме и на што продолжуваме да работиме:

Модернизација: Вложуваме во реновирање и подобрување на училишните простории.

Олеснет семеен буџет: Обезбедивме бесплатни униформи и бесплатен превоз за сите ученици.

Поддршка за најмалите: Финансиска помош за секое запишано прваче.

Мотивација за најдобрите: Парични награди и стипендии за најдобрите ученици.
И од мали средини растат најголемите соништа. Нека ни е честит Патрониот празник!
