Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека САД водат продуктивни разговори со Иран и дека нема да извршат напад врз таа земја пред изборите за Конгресот, закажани за 3 ноември.
Трамп ја објави информацијата на својата социјална мрежа „Трут соушал“, нагласувајќи дека дипломатските контакти продолжуваат и покрај американските ограничувања кон Иран.
„Водиме продуктивни разговори со Исламската Република Иран“, напиша американскиот претседател.
Тој истовремено соопшти дека американската блокада на иранските пристаништа останува во сила, додека транспортот на нафта низ Ормускиот Теснец продолжува.
„Нема да го нападнеме Иран во ниту еден момент пред изборите за Конгресот на средината на мандатот, кои ќе се одржат во САД на 3 ноември“, порача Трамп.
Американскиот претседател не соопшти дополнителни детали за разговорите со Техеран, ниту прецизираше дали постои можност за постигнување договор пред изборите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
