Background

Трамп со нови закани, преговорите заглавени

Американскиот претседател Доналд Трамп порача денеска дека иранската страна премногу одолговлекувала во преговорите со Соединетите Американски Држави и дека, наместо да постигне договор кој би бил добар за неа, сега ќе „мора да плати“.

Преку објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп упати сериозни тврдења за состојбата на иранските сили, посочувајќи дека нивната војска е во состојба на потполн неред.

„Иранската војска е во потполн неред. Поголемиот дел од нивните сили, како што се морнарицата и воздухопловството, веќе и не постојат – тие се целосно поразени. Иран само зборува, а ништо не презема. Силеџијата на Блискиот Исток е мртов! Премногу одолговлекуваа и наместо да постигнат договор што е добар за нив, сега ќе мора да платат“, напиша Трамп.

- Advertisement -
Ad image

Ваквиот остар тон доаѓа само еден ден по изјавата на американскиот претседател дека Иран и САД би требало да постигнат договор во наредните неколку дена, при што тогаш оцени дека преговорите се одвиваат „многу добро“.

Трамп вчера, исто така, изрази очекување дека Ормуската Теснина би можела повторно да биде отворена за пловидба во рок од наредните два до три дена. Тој нагласи дека сегашната американска воена блокада на Ормуската Теснина врши огромен притисок врз властите во Техеран со цел тие конечно да го потпишат мировниот договор.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран и САД мора да излезат од сегашната состојба на „ниту војна ниту мир“, објави полуофицијалната новинска агенција Мехр.

Пезешкијан рече дека сегашната ситуација на долгорочна тензија без формална војна или мир не е одржлива и дека е потребно да се најде политичко решение.

Според него, таквата ситуација мора да се реши, што укажува на потребата од преговори како единствен излез од сегашната фаза.

„Ако сакаме да излеземе од состојбата ниту војна ниту мир, што треба да правиме? Ако не разговараме, која е алтернативата?“, рече Пезешкијан. Тој додаде дека врз основа на ова, врховниот лидер го одобрил продолжувањето на разговорите и во последната фаза наредил: „Одете и решете го проблемот“.

Од прекинот на огнот на 8 април, Иран постојано ги обвинува Израел и САД за воено кршење на договорените услови. Вашингтон, според овие тврдења, извршил напади врз ирански цели дури и во периодот кога се воделе индиректни преговори, додека Израел продолжил со интензивни напади во Либан и покрај ограничувањата на договорот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation