Претседателот на САД Доналд Трамп ги поврза масовните протести и немири во Франција со миграцијата и со исламот, тврдејќи дека причините се многу подлабоки од проблемите во образовниот систем.
Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл напиша дека случувањата во земјата се последица на, како што ја нарече, „неконтролираната масовна миграција“.
„Ова што се случува во Франција не е ништо помалку од неконтролирана масовна миграција. Ова не е прашање на училиштата, ова е прашање на исламот кој сака да ја преземе некогаш големата земја“, напиша Трамп.
Ученици и студенти ширум Франција протестираат поради, како што велат, лошите услови во образованието и недостигот на професори.
Протестите и блокадите во меѓувреме прераснаа во судири со полицијата. Следуваа илјадници апсења и меѓусебни обвинувања на француските политички партии.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
