Филип Рогановиќ од Цетиње, кого црногорската полиција го идентификува како лице поврзано со „Шкалјарскиот клан“, се предал на полицијата и е однесен на издржување затворска казна во Спуж, објави црногорски „Дан“, повикувајќи се на неофицијални информации.
Рогановиќ треба да помине9 месеци во затвор поради учество во тепачка. Пресудата ја донел Основниот суд во Цетиње.
Неговото име, сепак, е познато по сосема друг случај. Рогановиќ во февруари 2021 година беше уапсен на Јахорина заедно со Милан Кршиќ и со Бобан Сјеклоќа, кои властите ги поврзуваа со „Шкалјарскиот клан“.
Тројцата биле осомничени дека ја пронашле и ја следеле Тамара Звицер, сопругата на Радоје Звицер, кого властите го означуваат како водач на ривалскиот „Кавачки клан“.
Тамара Звицер во тоа време престојувала во луксузен хотел на Јахорина. Постоело сомнение дека тројцата чекале таму да се појави и нејзиниот сопруг за да се обидат да го ликвидираат.
Полицијата ги пресретнала во нивните автомобили на патот кон Пале. Рогановиќ и другите двајца тврделе дека на Јахорина дошле како туристи и дека не планирале кривично дело.
Истрагата, сепак, не обезбедила докази дека навистина подготвувале атентат врз Звицер. Поради тоа против нив не било поднесено обвинение за такво дело.
Тројцата потоа биле протерани од Босна и Херцеговина и прогласени за закана за националната безбедност. Радоје Звицер со години е во бегство.
Tagged as:
СЕ ПРЕДАДЕ ЧОВЕКОТ ШТО ЈА СЛЕДЕЛ СОПРУГАТА НА ЗВИЦЕР
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
