СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство при МВР и СВР Скопје, поднесе кривична пријава против К.К.(22), Р.А.(24), Ф.С.(25) и Р.Б.(23), сите од Република Турција, со привремен престој во Штип и Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ во обид и дека Р.Б. го сторил и кривичното дело „предизвикување општа опасност“, соопшти МВР.
Прво и второпријавениот К.А. и Р.А., кои се моментално на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово, со посредство на третопријавениот Ф.С., во периодот од 09.11. до 17.11.2026, во неколку наврати, преку телефонски контакти и директни средби на Ф.С. со Џ.О. од Турција, се обиделе да му изнудат пари, наводно стекнати на нелегален начин во државата. Имено, тие најпрвин му побарале 100.000 евра и му се заканувале и со семејството, но откако ги одбил сумата ја намалиле на 40.000 евра. Откако ги одбил и за овааа сума, го поттикнале четврто пријавениот Р.Б., кој на 17.11.2026 на паркинг простор на ул.„Страшо Пинџур“ во Штип со запалива течност предизвикал пожар на патничко возило „ренџ ровер“, сопственост на сопругата на Џ.О..
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
