Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повика републиканците во Сенатот да покренат процедура за измени на Законот за заштита на сончевата светлина, со кој би се укинало зимското и летното сметање на времето. Тој измените ги нарече закон за престанок на поместувањето на часовникот.
Трамп во објава на социјалната мрежа Трут соушл наведе дека Претставничкиот дом на 14 јули го усвоил законот со силна поддршка од двете партии и го повика Сенатот да го усвои, оценувајќи дека тоа би претставувало уште една победа остварена преку меѓупартиска соработка.
Тој наведе дека процесот во Сенатот го „кочи“ сенаторот Том Котон од Арканзас, „од причини кои не се познати“, и ги повика републиканците да го покренат прашањето во Сенатот.
Трамп оцени дека поместувањето на часовникот двапати годишно „ја чини земјата цело богатство“ и негативно влијае врз криминалот, нивото на стрес, спортот и други области. Тој исто така наведе дека мнозинството луѓе повеќе сакаат дополнителен час дневна светлина во вечерните отколку во утринските часови.
Според Трамп, запирањето на промената на времето би можело да придонесе за намалување на грабежите и убиствата, сообраќајните несреќи, посебно оние во кои учествуваат пешаци, како и ризикот од срцеви проблеми, мозочни удари и сезонска депресија.
Тој ги наведе и можните придобивки за безбедноста на децата, времето поминато со семејството, спортот, туризмот, малопродажбата и угостителството, како и заштедата на сметките за струја.
Трамп рече дека републиканците, демократите и независните можат да се обединат околу тоа прашање и порача дека стрелките на часовникот треба да се остават на сегашното време и „никогаш повеќе да не се поместуваат“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
