Background

Тошковски е уверен дека камерите од годинава ќе ги направат патиштата побезбедни

Проектот „Безбеден град“ е еден од приоритетите на МВР, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на прашање за почетокот на имплементацијата на надградбата на системот.

– Ветив дека во текот на 2025 година ќе имаме имплементиран проект. Тоа значи дека освен што ќе треба да ги инсталираме камерите, да ги поврземе со потребните оптички кабли, да ги обезбедиме сите потребни дозволи за сето тоа, ќе треба да промениме и законска легислатива, ќе треба да ги подготвиме и судовите и УЈП во делот на спроведување на постапките. Ќе треба еден поширок институционален пристап да се има. Тоа го работиме во моментов. Се изготвува ново предлог законско решение. Jас сум уверен дека во 2025 година ќе имаме целосна импелментација на овој систем и дека ќе се намалат жртвите од сообраќајни несреќи пред сѐ, а потоа и прекршоците и казните – нагласи Тошковски.

Министерот посочи дека секојдневно се работи на проектот, а во подготовката на легислативата се вклучени професори.

- Advertisement -
Ad image

– Се надевам дека 2025 година ќе биде годината каде ќе почнеме да го имплементираме, не само на територија на Куманово, Тетово и Скопје, туку на територија на цела Македонија – вели тој.

Тошковски додаде дека секој кој дивее по улиците ќе биде казнет, а секој кој го почитува законот мирно ќе спие.

– Ќе бидат казнети оние кои дивеат по улиците, кои возат во алкохолизирана состојба и оние кои наместо 80, возат 200. Тие ќе бидат казнети – додаде Тошковски.

Тој додаде дека ако имал време да се посвети на овој проект во време на техничка влада, досега ќе беше имплементиран. Наследениот голем проблем со пасошите исто така му одзел време, а сега кога и тоа решено, проектот „Безбеден град“ е на врвот на приоритетите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation