Тензиите меѓу Иран и САД дополнително се заоструваат, откако ирански безбедносен извор најави дека наскоро може да следи „невидена“ воена акција како одговор на, како што ја нарече, американската поморска блокада.
Според информациите објавени од „Press TV“, извор близок до безбедносните структури во Техеран оценил дека трпението на Иран е при крај и дека реакцијата ќе биде неизбежна доколку продолжат американските активности околу Ормускиот Теснец.
Иранските вооружени сили, кои дејствуваат под команда на штабот „Хатам ал-Анбија“, предупредуваат дека досегашната воздржаност била со цел да се остави простор за дипломатско решение.
Во изјавата се нагласува дека, според нив, САД повеќе не се соочуваат со „пасивен или предвидлив противник“, туку со земја која е подготвена да реагира на секој потег.
Изворот посочил и дека досегашната пауза била можност за политичко решение и за намалување на тензиите, но предупреди дека, доколку условите на Техеран бидат игнорирани, одговорот ќе биде поинаков.
Во пораката се споменува и американскиот претседател Доналд Трамп, со оценка дека има можност да ја намали кризата, но дека продолжувањето на актуелната политика може да доведе до дополнителна ескалација.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
