Стабилно, сончево и топло време нè очекува во следниот период, но во попладневните часови ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат метеоролозите.
Ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во текот на попладнето, особено во одделни подрачја, можна е изолирана појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.
Минималните утрински температури ќе се движат од 10 степени во Берово до 18 степени во Гевгелија, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 28 степени во Маврово до 38 степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Температурата во главниот град ќе се движи од 16 до 36 степени.
Според прогнозата, и во петок ќе продолжи сончевото и топло време со мала до умерена локална облачност. Минималните температури ќе бидат од 11 до 21 степен, а максималните од 30 до 38 степени.
За сабота метеоролозите најавуваат повторно сончево и топло време, со мала до умерена облачност и слаб до умерен променлив ветер. Попладне повторно ќе има услови за изолирани нестабилности со пороен дожд и грмежи.
Температурите во сабота ќе се движат од 12 до 22 степени во утринските часови, додека максималните ќе достигнат од 33 до 39 степени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
