Background

СПОРЕД ХЕГСЕТ, ВОЈНАТА СО ИРАН Е СМЕЛ И ИСТОРИСКИ ЧЕКОР

Министерот за војна на САД, Пит Хегсет, објави видео порака во која вети дека ќе се спротивстави на напорите во Конгресот за негов импичмент, опишувајќи ја војната во Иран како „смела и историска“, откако гласачите ги казнија републиканците на изборите за Конгресот поради таа војна.

Објавата на Хегсет е во време на зголемен притисок од неговите противници во Конгресот, додека претседателот Доналд Трамп ги отфрли прашањата за тоа дали би можел да го отстрани Хегсет.

Трамп го пофали шефот на Пентагон, а главниот демократ во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, во објава на социјалните медиуми праша: „Зошто Пит Хегсет е сè уште тука?“

- Advertisement -
Ad image

Хегсет, поранешен водител на Фокс њуз стекна непријатели дури и во сопствената Републиканска партија. Критичарите во Конгресот негодуваат поради неговото справување со војната против Иран, за која потпретседателот Џеј Ди Венс јасно кажа дека ја платиле со пораз во Конгресот. Тој е критикуван и за отпуштањето на високи воени функционери, како и за затегнатите односи со членовите на Конгресот, во време кога администрацијата бара буџет за трошење на одбраната од 1,5 трилион долари.

Истрага за министерот за војна

Демократите, кои ја освоија контролата врз Конгресот на изборите во вторникот, ветија дека ќе почнат истрага за Хегсет и неговото управување со Пентагон, меѓу другото, и за отпуштањето на началникот на Здружениот штаб на вооружените сили.

Републиканскиот претставник Томас Маси објави дека ќе ја отвори повторно постапката за импичмент на Хегсет следната недела, предупредувајќи дека импичментот ќе биде „многу поблаг“ од она што го чека кога републиканците ќе ја предадат контролата врз Конгресот на демократите следната година.

„Тој се соочува со сослушувања и судења“, напиша Маси на платформата Икс.

Хегсет: „Нема да се повлечеме“

Хегсет го бранеше своето лидерство во Пентагон во четириминутно видео во кое се фали со отпуштањето на високи функционери, прекинот на иницијативите за разновидност и забраната за трансродовите лица да служат во војската.

 

„Видете, тие ме напаѓаат, тие нè напаѓаат, затоа што сме ефикасни. Нема да се извлечат. Ние нема да се повлечеме“, рече Хегсет пред камерата.

Нарекувајќи го обидот за импичмент „фарса“, Хегсет истакна дека самиот Трамп поминал два пати низ импичмент.

„Ова е политика на лична одмазда. Не функционираше против претседателот Трамп и нема да функционира против мене. Можете да бидете сигурни во тоа“, рече тој.

Пофалба од Трамп

Трамп го пофали Хегсет во четвртокит кога беше прашан дали очекува промени во неговиот персонал. Тој рече дека неговиот министер за одбрана „завршил фантастична работа“ и посочи дека реакцијата против него е поврзана со отпуштањето на генералите.

– Имавме толку многу генерали. Сите беа генерали со четири ѕвездички. Никогаш не сум видел нешто слично. И многу од нив беа „разбудени“ идеолози. Не ги сакам тие генерали. Веројатно затоа добива негативни реакции – им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.

Трамп ја пофали улогата на Хегсет во американските воени операции во Венецуела и Иран.

– Ситуацијата во Венецуела беше неверојатна… и ние сме во Иран седум месеци, контролирајќи сè што сакавме да контролираме – рече тој.

Министерството за одбрана вели дека Хегсет е „100 проценти посветен“ на водењето на Пентагон до крајот на мандатот на Трамп.

Хегсет ги повика патриотските пратеници да одобрат финансирање на трошоците за војната со Иран и другите приоритети на Пентагон.

– Без оглед на тоа што луѓето мислат за оваа војна, која ја сметам за смел и историски потфат што ќе осигури дека Иран никогаш нема да добие нуклеарно оружје, ние мора да продолжиме да ја обновуваме нашата војска, исто како што направи претседателот Трамп за време на неговиот прв мандат – рече Хегсет.

Републиканскиот сенатор Том Тилис изјави дека Хегсет се соочува со „последици“. Тој додаде дека неговиот затегнат однос со членовите на Конгресот ги попречува напорите на администрацијата на Трамп да го обезбеди потребниот буџет за одбранбени трошоци.

Хегсет би можел да биде критикуван од демократите и поради неговата политика кон Украина, како и поради американските воени напади врз бродови во латиноамериканските води за кои се сомнева дека се користат за шверц со дрога, потег за кој некои демократи велат дека би можел да претставува воено злосторство.

Пратеникот Адам Смит, демократ за кој се очекува да го преземе раководството на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом следната година, најави строг надзор на сè – од војната против Иран до она што го нарече поткопување на „аполитичката основа на вооружените сили“.

Во средата потпретседателот Џеј Ди Венс јавно ја доведе во прашање исплатливоста на војната против Иран, тврдејќи дека војната ги чинела републиканците контрола врз Конгресот. Неговата објава беше невообичаена и ги поттикна шпекулациите за тоа дали Трамп навистина ќе ја спроведе својата закана за продолжување на големите борбени операции против Иран.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖