Српската Републичка изборна комисија (РИК) ги објави официјалните резултати од предвремените парламентарни избори во Србија, одржани на 25 октомври, на кои Студентската листа ја победи владејачката Српска напредна партија (СНС). Со објавувањето на конечните резултати, формално почнаа да течат законските рокови за формирање на идната влада во земјата.
Во трката за 250 пратенички мандати, имаше 18 листи со вкупно 2.418 кандидати, од кои девет листи беа на кандидати на малцинските национални заедници.
Од запишаните 6.451.292 граѓани во избирачкиот список со право на глас, 4.444.310 или 68,89 проценти гласале на 8.392 избирачки места во земјата и во странство, што е една од највисоките излезености во историјата на повеќепартиските избори во Србија.
Според официјалните резултати, Студентската листа освои 140 мандати, СНС 103, додека сите опозициски партии и коалиции останаа надвор од парламентот, а вкупно седум мандати освоија партиите на националните малцинства.
Листата на Расим Љајиќ освои еден мандат со 20.638 гласови, Алијансата на војводинските Унгарци освои 35.461 гласови и два мандати, Албанската коалиција 27.673 и два мандати, „СДА – Чувари на Санџак“ 12.596 (еден мандат) и „Усаме Зукорлиќ – Движење за обединување“ 12.440 гласови (еден мандат).
Со официјалното објавување на резултатите од изборите и распределбата на мандатите, започнуваат роковите за формирање на владата. Конститутивната седница на парламентот мора да се одржи во рок од 30 дена.
Со потврдувањето на пратеничките мандати и конституирањето на Собранието, започнува ново одбројување, кое им остава на пратениците законски рок од 90 дена за избор на влада.
Паралелно со формирањето на парламентот и владата, тече и рокот за избор на претседател на Републиката, па граѓаните на Србија повторно ќе излезат на гласачки места до крајот на годината.
По оставката на Вучиќ на 27 септември, предвремените претседателски избори мора да бидат распишани и одржани во рок од три месеци од завршувањето на мандатот, а најдоцна до 28 декември.
Tagged as:
ОБЈАВЕНИ КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
