Според „Блумберг“, Русија ќе бара од Украина драстично да ги прекине воените врски со НАТОи да стане неутрална држава со ограничена армија во какви било разговори со идниот американски претседател Доналд Трамп, велат запознаени со ова прашање.
Советниците на Доналд Трамп признаваат дека ќе бидат потребни месеци за да се најде решение за војната во Украина, што е спротивно на неговото најголемо ветување за надворешната политика – дека ќе постигне договор за мир уште првиот ден во Белата куќа.
Двајца соработници на Трамп, кои со него имаат разговарано за војната во Украина, кажаа за агенцијата „Ројтерс“ дека се разгледува неколкумесечна временска рамка за решавање на војната, опишувајќи ги претходните луди ветувања како комбинација на агресивна предизборна кампања и потценување на конфликтот, покрај тоа што е потребно време да се состави новата администрација.
Идниот специјален претставник за Русија и Украина, Кит Келог, кажа дека решение за војната би можело да се најде во рок од 100 дена, што исто така е далеку од ветувањата на Трамп.
Во пресрет на изборите на 5 ноември, Трамп во десетици наврати вети дека ќе ја заврши војната во Украина уште првиот ден во Белата куќа, ако не и порано, без да објасни како.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖