Background

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Собранието ќе ја одржи 98. седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и предлог законските измени на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кои се се создаваат услови за елиминирање на објективните причини поради кои беше воспоставен моделот на преодна, односно техничката влада.

Предложеното законско решение, со одложната примена, како што се вели во образложението од предлагачот – Владата, има за цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес на граѓаните преку целосно и доследно заокружување на започнатите реформи.

– Заради потребата од рационално и одговорно користење на јавните финансии, зајакнување на институционалната стабилност и обезбедување целосен демократски легитимитет на Владата како носител на извршната власт избрана од Собранието, со овој предлог закон се воспоставува јасна и применлива правна рамка која ќе ги гарантира фер и транспарентните избори преку институциите основани со Уставот и законите и ќе ги елиминира привремените решенија воспоставени со политички договори во минатото – се вели во образложението на предлог законот.

- Advertisement -
Ad image

На дневен ред пред пратениците, е и предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.

Пред пратениците се и стратешкиот и финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2026 година и годишната програма за работа на комисијата за 2026 година.

На дневен ред е и предлог одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Како 7 точка, на дневен ред пред пратениците е и Предлог на закон за изменување на Законот за гранична контрола, во второ читање, со кој, како што се вели во образложението „ќе се изврши подобрување на системот за гранична безбедност, подобрување на функционалноста на националниот систем за гранично управување и натамошно усогласување со Европската Унија и стандардите во рамки на процесот на исполнување на критериумите за придружување во Европската Унија (Поглавје 24).“

Пратениците во рамки на 98. Седница, како што е најавено, ќе ги разгледаат и Предлог на закон за изменување на Законот за здравственото осигурување – во второ читање; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, по скратена постапка; Предлог на закон за изменување на Законот за внатрешната пловидба, по скратена постапка; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка; и Предлог на закон за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation