Пратеник во Собранието да може да стане лице кое има само македонско државјанство, предлага ВМРО-ДПМНЕ, чија пратеничка група денеска поднесе предлог за измена на Законот за пратениците.
– Се предвидува еден дополнителен услов, односно, пратеник во Собранието да може да стане само лице кое има само македонско државјанство – вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
Тој вели дека јавноста во изминатиов период е сведок на продукција на лаги од страна на СДСМ .
– Во текот на вчерашниот ден, излезе една вест на фејсбук страната на СДСМ во којашто сме ние неколкумина, со една прашална форма дали сме гласале на изборите во Бугарија – рече Стојаноски.
Стојаноски демантираше дека некој од нив поседува друго државјанство освен македонско.
Стојаноски вели дека тоа е стара вест, која била актуелна пред 5 години, кога тогашен министер за одбрана, а сегашен поранешен политичар во Бугарија, сакајќи да создаде тема во јавноста наброил неколкумина кои наводно имаат бугарско државјанство. Додаде и дека тогаш имаше демант од нивна страна.
– Јас лично не демантирав, затоа што сметав дека не треба да се даде внимание на оваа тема, но со колегите разговаравме и одлучивме да ја пресретнеме оваа лага и уште еднаш да покажеме пред јавноста со што се служи СДСМ и на кое ниво е падната таа политичка партија. Затоа го поднесовме овој закон со идентичен текст како пред 5 години, кој тогаш коалицијата СДСМ и ДУИ не го поддржа – вели Стојаноски.
Тој кажа дека утре има пленарна седница, каде ќе побараат законот да се стави на дневен ред и СДСМ да се изјасни дали сега го поддржува законот како опозиција. Стојаноски напомена дека токму оние кои беа неведени во вчерашното соопштение на СДСМ го поднеле овој закон.
– Уште еднаш да демантирам, дека никој од нас не поседува никакво друго државјанство, а најмалку бугарско. Ако се уверени во ова, има начин тоа како да го докажат, нека се обратат до одредени институции, некој од нив нека нека излезе, ама да не биде од собраниска говорница, нека даде прес-конференција, секако дека ќе го тужиме – истакна Стојаноски.
Тој дополни дека станува збор за партија која ги губи судските спорови.
– Ете, ние сме потпишани на овој закон, утре ќе можат да се изјаснат дали го поддржуваат или не. Ако го изгласаат, ако се тие во право, ние петмина повеќе нема да бидеме пратеници, но јас мислам дека и овој пат или ќе најдат некаков начин ова да го заобиколат или повторно ќе треба да ги слушаат оние кои што и во минатиот период ги слушаа, а тоа е ДУИ -заклучи Стојаноски.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
