Воздушниот сообраќај во Германија и во Европа ќе претрпи сериозни промени откако германскиот авиопревозник Луфтханза одлучи да ја намали својата мрежа на рути летово со цел да ги намали трошоците поради драстичното зголемување на цените на горивото за авиони.
Во план е да бидат укинати 20.000 кратки летови, што е директна последица од ненадејното затворање на подружница Ситилајн. Овој потег, кој ќе се чувствува до октомври оваа година, означува целосна промена во стратегијата на германскиот превозник, кој дополнително се бори со непрофитабилните рути и последиците од штрајковите.
По затворањето на Ситилајн која има 20 авиони и околу 1.300 работници, компанијата планира да заштеди 40.000 тони гориво, а вкупната понуда на концернот се намалува за еден отсто.
Планирано е да се укинат непрофитабилните рути во Франкфурт и во Минхен, додека линиите во Цирих, Виена и Брисел ќе бидат проширени.
Синдикатите UFO и VC остро го критикуваа забрзаното затворање на компанијата, бидејќи првично беше планирано постепено да се намалуваат операциите до 2028 година. Lufthansa сега сака кабинскиот персонал, доколку е можно, да најдат работа во други авиокомпании во рамките на групацијата.
Се преговара за социјален план помеѓу претставниците на работниците и работодавачот, кој би вклучувал услови како што се отпремнина за оние што ќе ја напуштат компанијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
