Собранието го усвои Законот за игри на среќа со 59 гласа. Казина, автомат-клубови и обложувалници мора да се оддалечат 500 метри од училиштата, а рекламирањето на коцкањето се забранува.
Охридскај најави ред во игрите на среќа, и тоа уште пред Собранието да го стори тоа. Со 59 гласа “за” и 9 гласа “против”, пратениците го усвоија Законот за игри на среќа и забавни игри, со кој се воведуваат конкретни мерки за заштита на граѓаните, а особено на младата популација.
Клучна мерка е задолжителната физичка дистанца од 500 метри помеѓу сите објекти за игри на среќа, вклучувајќи казина, автомат-клубови и обложувалници, и основните и средни училишта. Обложувалниците и казината имаат рок од една година да се преселат. Ова е минимален цивилизациски стандард кој во Македонија до сега не бил задолжителен на системско ниво.
Со новите прописи се забранува рекламирање на излозите на коцкарниците, употребата на познати личности и инфлуенсери за промоција, содржините насочени кон малолетници, како и пораките кои коцкањето го претставуваат како начин за постигнување финансиски успех или брза заработка.
Законот воведува и задолжителен GPS систем за секој апарат со цел тековна контрола од страна на Управата за јавни приходи. Досега државата затворила 358 нелегални странски онлајн платформи кои функционирале без лиценца и без никаква заштита за граѓаните.
Охридскај уште претходно укажуваше дека само во Охрид постојат околу 53 обложувалници и казина, повеќе отколку образовни институции во целиот град, и дека македонските граѓани во текот на 2025 година потрошиле околу 2,83 милијарди евра во коцкарски објекти, речиси четвртина од државниот буџет. Истражувањата покажуваа дека 75 проценти од младите под 25 години веќе имале искуство со игри на среќа, а 25 проценти покажувале симптоми на зависност.
Усвојувањето на овој закон е чекор поблиску до европските стандарди, каде казина до влезови на училишта едноставно не постојат.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
