Background

6.000 ХОНОРАРЦИ ОД ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДОГОВОР НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Околу 6.000 лица се ангажирани со договори на дело, преку временски вработувања и други форми на договорен ангажман, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи на бројот на лицата на кои се однесува предложеното законско решение за трансформација во редовен работен однос.

Со Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, се предвидува трансформација на договорните ангажмани во редовен работен однос на неопределено време за лицата во институциите опфатени со законот.

Предлог-законот предвидува конкретни рокови за реализација на процесот, заштита на лицата додека трае постапката, ограничување на идните договорни ангажмани и финансиска контрола на целиот процес.

- Advertisement -
Ad image

Правото на трансформација ќе се однесува на лицата кои имаат важечки договор на денот на влегувањето во сила на законот и чиј договор останува важечки во моментот на трансформацијата. Институциите ќе имаат обврска во рок од 90 дена од стапувањето во сила на законот да ги склучат договорите, односно да ги донесат решенијата за вработување.

Трансформацијата ќе се реализира фазно, при што за најмногу 50% од опфатените лица договорите или решенијата ќе стапат во сила веднаш со нивното потпишување, односно донесување, а за преостанатите најдоцна до 31 декември 2027 година.

Од опфатот на предложениот закон се изземени акционерските друштва, воениот и цивилниот персонал на служба во Армијата при Министерството за одбрана, основните и средните училишта, ученичките и студентските домови, високообразовните и научните установи, како и повеќе безбедносни институции.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖