По седум години на чело на Полицијската станица од општа надлежност Охрид, Сашо Дончески е разрешен од позицијата командир. Според информации до кои дојдовме, постапката за разрешување на Дончески била покрената пред пет месеци поради низа пропусти во неговото работење.
Дончески имал повеќе пријави до Единицата за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР на Република Северна Македонија, а оштетените лица сè уште го чекаат исходот на тие постапки.
По разрешувањето, Дончески е префрлен на ново работно место како дежурен во ЦИК, додека досегашниот помошник, Богољуб Прензоски, го превзема вршењето на функцијата командир на ПС од ОН Охрид.