Background

Службата за општи и заеднички работи денеска информираше дека во изминатите шест месеци преземени се активности за надминување на затекнатата состојба од претходното раководство

Службата за општи и заеднички работи денеска информираше дека во изминатите шест месеци преземени се активности за надминување на затекнатата состојба од претходното раководство.

Како што стои во соопштението, воведен е механизам за строга контрола на сите службени трошоци со цел да се намалат непродуктивните патувања во насока на одговорно трошење и планирање на јавните средства.

„За кусо време, СОЗР стави крај на недомаќинското работење, ги оптимизираше трошоците за набавка на пијалоци и апетисани за потребите на државните органи, ги покачи цените на угостителските услуги во владините објекти, со што минато станаа привилегиите за избраните функционери, а во завршна фаза е и постапката за ставање крај на лошите практики за злоупотреба на службените возила, преку изготвување на посебен регистар и унифицирање на службените возила“, наведуваат од СОЗР.

- Advertisement -
Ad image

Според директорот на СОЗР Ивица Томовски, затекнати се запуштени објекти сопственост на државата и се преземаат активности за надминување на состојбите.

– Големо безредие и тотален хаос наследивме со државниот имот од кој 80% имаше нерешени имотно-правни односи, затекнавме запуштени вили сопственост на државата, заборавени репрезентативни објекти. По извршена анализа на состојбите, конкретни чекори презедовме и во таа насока – вели Томовски.

Како што информира СОЗР, направен е анекс на проектот за реконструкција на Палатата АСНОМ, се преземаат мерки за заживување на комплексот „Македонско село“, а во тек е и реконструкцијата на Клубот на пратеници.

„Службата за општи и заеднички работи во моментов врши анализи на условите за изградба на втора фаза од Жичницата, од црквата „Св.Јован“ во Капиштец до Средно Водно, како и за доградба на зградите на Факултетот за физичка култура (ФФК) и Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) во рамките на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, објекти кои шест години се во фаза на карабина“, се наведува во соопштението од СОЗР.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation