Прогресот на автопатите на Коридор 8 оди добро и ќе ги изградиме во рамки на предвидениот рок. Следната година ќе пуштиме една лента за возење на автопатот од Прилеп до Битола а целиот ќе го изградиме исто така во предвидениот рок, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски.
-Рокот е 2029 година за сите три автопатски делници, Тетово -Гостивар, Гостивар -Букојчани и Прилеп-Битола. Најбрзо очекувам да видиме на Битола-Прилеп, иако е најдолгата делница, таа е најдолгиот автопат поединечно што се гради во Македонија и морам да кажам дека голем фокус ставаме на овој проект -рече Николоски.
Тој потенцираше дека проблемот со неколку сопственици на вили во село Ореовец ќе биде решен, но го отвори прашањето зошто политичката партија Левица ги штити истите кога овој проблем може да ја чини државата до 100 милиони евра.
-Единствено останува со овие буџованиве од Ореовец да го решиме проблемот. Има таму десетина сопственици на вили, кои што блокираат пристап до наоѓалиштето од каде што треба да се црпи материјал за изградба на автопатот. Мирот им се нарушува, веројатно кога слушаат таму пријатна музика и кога поминуваат камионите, но тоа нарушување на мир чини некаде околу стотина милиони евра. Гледам политичката партија Левица се залепи на ова, па фер е да ги прашаме како дефинирани левичари, како тоа сака државатa да потроши 100 милиони евра повеќе. Секако дека ќе решиме, но ова се добри морални прашања кои што се отвораат – рече Николоски
Тој додаде дека следната година една страна од патот да биде пуштена..
– Очекувам следната година, едната страна да е целосно пуштена, односно да пуштиме сообраќај по нов автопат во едната насока, а целиот да биде завршен во рамки на рокот. Гостивар -Тетово, иако изгледа најлесен, во суштина е најтежок, затоа што има многу објекти што треба да се дислоцираат, но и тука ќе бидеме во рокот. А Гостивар- Букојчани, заобиколкувањето на популарната Стража, иако изгледа како најтежок, во суштина добро оди прогресот и веќе имаме пробиено 18 километри – рече Николоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
