Background

КРАЛОТ Е МРТОВ, ДА ЖИВЕЕ КРАЛОТ – Британското радио по грешка ја објави смртта на кралот Чарлс

Чуден и шокантен инцидент се случи во вторник попладне во главното студио на Радио Каролина во Есекс. Наместо редовна музичка програма, слушателите одеднаш слушнаа однапред подготвено, сериозна објава каква што сите британски радиостаници чуваат во тајност во случај на најлошото сценарио – смрт на владејачки монарх.

Според извештаите, во соопштението во етерот се вели дека Радио Каролина ја прекинува редовната програма „во знак на почит по смртта на Неговото Височество кралот Чарлс III“. Веднаш потоа беше пуштена националната химна „God Save the King“, а станицата замре во морничав молк.

Иако станицата официјално не потврди колку долго траела тишината, британските медиуми објавуваат дека етерот бил празен околу 15 минути пред вработените да сфатат што се случило.

- Advertisement -
Ad image

Социјалните медиуми веднаш беа преплавени со реакции од збунети слушатели.

– Втрчав во куќата викајќи ѝ на сопругата дека Чарли е мртов – напиша еден слушател, додека друг призна дека морал да застане со автомобилот за да провери на мобилниот телефон дали е ова вистина или невкусна шега.

Снимката од контроверзниот дел од програмата подоцна беше избришана и не е достапна на официјалната веб-страница.

Водителот на станицата, Питер Мур, брзо се огласи на Фејсбук за да ја смири јавноста и да ја објасни позадината на овој инцидент.

– Поради компјутерска грешка во нашето главно студио, процедурата за смрт на монархот, која сите британски станици ја чуваат подготвена со надеж дека никогаш нема да мора да ја користат, беше случајно активирана.

– Погрешно беше објавено дека Неговото Височество починало – напиша Мур.

Тој им изрази најдлабоко извинување на кралот и на сите слушатели за предизвиканата вознемиреност. Тој истакна дека Радио Каролина со години со гордост ги емитуваше божиќните пораки од кралицата Елизабета II, а сега и од кралот Чарлс, и се надева дека таа традиција ќе продолжи уште многу години.

Во времето на лажното соопштение, кралот Чарлс и кралицата Камила беа во официјална посета на Северна Ирска, поточно во Белфаст, каде што насмеани, гледаа танцови претстави и се дружеа со граѓаните во квартот „Титаник“.

Гафот е особено непријатен со оглед на тоа што кралот Чарлс неодамна се соочи со лажни гласини на интернет за неговата смрт. Ситуацијата ескалираше претходно оваа година кога Бакингемската палата мораше официјално да ги негира неточните обвинувања од руските медиуми откако се појавија вести за неговата борба со ракот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation