Skype влегува во историјата: Како омилената платформа го доживеа своето затворање?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Skype беше првата програма од ваков вид што им овозможи на обичните луѓе да остваруваат видео повици преку интернет, низ целиот свет. Во тоа време, платформата беше револуционерна, но пред нејзиното затворање во мај, Ели Муир го поставува прашањето – како се случи таков спектакуларен пад токму во моментот кога потребата за онлајн комуникација го достигна својот врв?

Скајп виде сè. Стресни интервјуа за работа. Незгодни семејни средби преку океанот. Љубов на далечина – и раскинувања. Многу важни животни ситуации биле придружени со карактеристичниот звук на повик на Скајп и тој тон што го означува крајот на разговорот, кој звучи малку како кивање, пишува Индепендент.

Кога светло синото лого се појави на нашите десктоп компјутери во 2003 година, тоа беше првиот пат кога обичните корисници можеа да остваруваат бесплатни аудио и видео повици преку интернет – и на тој начин класичната фиксна и мобилна телефонија беше пренесена во дигиталниот свет. Сепак, во мај, оваа некогаш сеприсутна платформа за видео разговор го затвора своето „око што гледа сè“ засекогаш.

Сопственикот на Skype, Microsoft, објави дека платформата се исклучува на 5 мај, по повеќе од 20 години работење, со цел да ги „поедностави комуникациските услуги за корисниците“ и да ги пренасочи кон својата масивна бизнис платформа Teams (каде што преостанатите милиони корисници на Skype исто така ќе бидат префрлени во наредните денови). Во соопштението со кое се најавува затворањето, „Мајкрософт“ – кој ја купи компанијата во 2011 година за 8,5 милијарди долари – изјави дека „Скајп“ бил „неопходен дел од модерната комуникација и сведок на безброј значајни моменти“, но дека всушност бил на апарати за одржување во живот веќе една деценија.

Можеби се прашувате: како една многу сакана платформа доживеа толку сериозен пад токму кога целиот свет се префрлаше на интернет поради пандемијата?

Првиот дел од приказната е дека Skype едноставно не успеа да се справи со посветлите конкуренти како Zoom или Slack, кои ја искористија глобалната промена кон работа од дома. Друга теорија е дека Skype не бил доволно адаптиран за ерата на паметните телефони. И според некои, „Мајкрософт“ свесно го турна „Скајп“ на технолошките маргини за да го зајакне „Тимс“ – и со тоа полека го елиминираше оригиналниот пионер.

Кога данскиот софтверски инженер Јанус Фријс и шведскиот програмер Никлас Зенстром го основаа Skype во 2003 година, компанијата доживеа астрономски успех – до крајот на 2005 година, имаше 75 милиони активни корисници.

Првпат беше продаден на eBay во 2006 година за 2,6 милијарди долари, а во 2009 година, мнозинскиот удел беше продаден на конзорциум од инвестициски фондови. Потоа се вклучија гигантите: „Мајкрософт“ ги победи понудите од „Гугл“ и „Фејсбук“ во 2011 година и го купи „Скајп“, во време кога платформата имаше околу 150 милиони активни месечни корисници и дури 663 милиони регистрирани корисници ширум светот. Скајп беше толку раширен што стана глагол – синоним за видео повик.

Ако сте го користеле Skype во неговите рани години, можеби сè уште ќе ве погоди бран носталгија кога ќе се сетите на оригиналниот тон на ѕвонење за повик или на оние шушкави известувања што го правеа неодолив.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article