Скопјанец е фатен на Партизанска со две тегли со марихуана и е лишен од слобода.
Како што соопшти полицијата, на 04/05.08.2026, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на булеварот Партизански одреди во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Д.П. ќе биде поднесена Кривична пријава по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.
Tagged as:
Скопјанец е фатен на Партизанска со две тегли со марихуана и е лишен од слобода.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
