Сите зборуваат за игнорирањето на Деми Мур кон Кајли Џенер

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ријалити ѕвездата Кајли Џенер пристигна на Златните глобуси минатата година како придружничка на своето момче, актерот Тимоти Шаламе, а по доделувањето на наградите сите медиуми објавија незгоден момент меѓу неа и Селена Гомез и Тејлор Свифт. И овогодинешните Златни глобуси не поминаа без непријатни моменти, а во центарот на еден од нив беше, погодувате, најмладата од сестрите Кардашијан-Џенер.

Џенер уште еднаш пристигна на доделувањето на наградите како придружничка на Тимоти, кој, да потсетиме, е еден од најпопуларните и најбараните актери од помладата генерација во Холивуд.

Деми Мур годинава го доби големото признание Златен глобус што го чекаше со децении, иако никој не може да негира дека има одлична кариера. Сите сакаа да и честитаат за наградата што конечно ја освои, а кога Мур се приближи до масата на која седеа Тимоти и младата ријалити ѕвезда Џенер, таа како да ја игнорираше.

На социјалните мрежи брзо се прошири видео од Деми како разговара со друга млада актерка Ел Фенинг, која седеше до Џенер, но таа ја игнорираше Џенер, која изгледаше дека и се обраќа. Исто така, и додека зборуваше со Тимоти, Деми како да ја игнорираше Кајли, додека ријалити ѕвездата со надеж гледаше кон актерката очекувајќи да ја поздрави.

Наскоро, британскиот таблоид „Дејли мејл“ цитираше извор близок на Мур дека таа не знае која е Кајли Џенер и дека сигурно немаше да ја игнорира доколку видела како и се обраќаат.

„Деми не ја познава Кајли. Деми ги воспитувала своите деца на многу поинаков начин отколку што биле воспитувани Кардашијан и тие имаат различни вредности. Деми е актерка. Кајли беше таму бидејќи се забавува со Тимоти Шаламе. Деми го почитува Тимоти и се восхитува на неговиот талент. Значи, тоа не беше презир“, рекол извор за „Дејли мур“.

Отпосле, се огласи една од ќерките на Деми Мур, која рече дека нејзината мајка сигурно ќе и дала време и простор на „Кајли ако видела дека сака да и честита“.

Share This Article