Background

Сиљановска Давкова смета дека двојно државјанство не треба да имаaт ниту претседател, ниту министри

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека го поддржува предлогот на власта техничката влада да биде укината од следните избори, но смета дека за укинувањето треба да има дијалог.

Таа посочи дека ќе го потпише указот за законот, но оти би сакала, бидејќи на таков начин се донесоа и измените на Законот, и сега да се разговара и да се дебатира за да се видат добрите и лошите страни.

– Инаку, колку што знам јас, претходно многупати сум чула дека е потребно да се стави крај на техничката влада. Уставен суд може да потврди дека тоа е неуставно решение, но мислам дека не е лошо да се дебатира како тогаш.

- Advertisement -
Ad image

Taa ја оцени техничката влада како неуставна.

– За мене, измените на Законот за Владата, што се однесуваат на техничката влада, и тогаш и сега се неуставни. Имено, во самиот законски текст има одредба дека техничката влада ќе функционира во 2016 година. Ние го продолживме нејзиното функционирање. Се разбира дека има технички влади во светот, но не од ваков тип. Техничките влади се влади на експерти, на бирократи. Зошто? За да гарантираат фер и демократски избори. Суштината на измените на нашиот Закон за Владата во однос на техничката влада, всушност, значат нетехничко функционирање бидејќи политичари не може технички да функционираат, туку политички влади како гаранција дека ќе се овозможат фер и демократски избори – рече Сиљановска-Давкова во Собранието на XX конференција на претседатели на парламенти на Јадранската и Јонската иницијатива.

Сиљановска Давкова го изрази и мислењето за идејата пратеници да немаат двојно државјанство. Претседателката така смета дека, покрај пратениците, и претседателот на државата и министрите не треба да имаат можност за двојно државјанство.

– Уставот им гарантира на граѓаните македонско државјанство. Во Законот за државјанството исто така има одредба во која се вели дека граѓаните на Републиката имаат македонско државјанство, но исто така, мислам дека е членот 2, став 2, гарантира и двојно државјанство. Постои можност, по мене, за ограничување на двојното државјанство. Таква можност веќе дава Законот за надворешните работи и се однесува на амбасадорите. Исто така, кога зборуваме за носители на функции, кои се важни за безбедноста на државата, на пример, за директорот на АНБ, не се дозволува двојно државјанство. Значи, со некој матичен закон може да се ограничи двојното државјанство за други носители на функции. Инаку, јас мислам дека треба да се однесува и на претседателот на државата и на министрите. Закон за Владата има. Таму може да се воспостави ова решение. Закон за претседател нема, тоа е во Уставот, но ова ограничување треба да важи и за претседателот – рече таа.

Претседателката објасни дека со ваквите решенија не се навлегува во можноста за двојно државјанство, туку дека за определени функции не може да има двојно државјанство.

– Доколку сте имале двојно државјанство претходно, во моментот на стапувањето на функцијата тоа треба да престане –  истакнува Сиљановска Давкова.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation